Го запознав сосема случајно во пријатна атмосфера

Го запознав сосема случајно во пријатна атмосфера, не се надевав дека таков впечаток ќе ми остави некој, уште веднаш посакав да го имам. Цела вечер ме држеше пријатно чувство, на моменти нозете не си ги чувствував од возбуда, сакав да го осетам неговото топло тело, неговиот јазик, неговите допири. Сакав пред сите да го допирам насекаде, сакав јазикот да ми го пикне до грло, сакав да ја ставам дланката раширена на неговиот пенис, благо да стиснам и да му видам возбуда во очите.

Алкохолот си го правеше своето, најверојатно жедта за влажен мек и топол јазик ја гаснев со камиказа, а морници ми поминуваа по цело тело додека ја чувствував неговата енергија околу мене. Еротското чувство се засилуваше со секоја испиена пијачка, мислите веќе не се трудев да ги задржам, не се трудев да не си правам слики во глава како би било кога би биле сами, како би било кога би ги ставила нозете околу него. Алкохолот се лизгаше низ грлово, самата ситуација беше веќе поопуштена, не ми беше гајле за ништо.

Еден момент како да се свестив кога нашите лица беа премногу блиску, тргнавме еден накај друг, како во исто време да сме го помислиле тоа.

Уфф! Беше тоа љубење со страст, го тргнав накај себе поблиску, сакав да го стопам, јазиците ни се измешаа, влажноста во устата ме возбудуваше, нозете ми се занишаа од чувството дека го посакувам, телото ми беше укочено, но и полно со желба за повеќе.

Сакав да не сме таму, сакав да сме сами, сакав да нема никој околу нас и да уживам во возбудата. Бев спремна на се со него, сакав да му се предадам, не ми беше гајле што другите ќе кажат. Само сакав да ме допира, да ги исцедам сите сокови од него, да го испотам, да види колку сум влажна цело време, колку ме возбудува.

Самото тоа што беше во моја близина ме влажнеше, чувствував притисок меѓу нозе, ќе експлодирав од желба, одамна не ме обзеле такви струења. Ми идеше да го викнам во wc, не ми се чекаше, се плашев да не остане само на неколкуте врели бакнежи кои си ги дадовме. Но, си реков ќе се стрпам да видам како ќе се одвива ситуацијата.

Уф како добро бакнуваше, му го шмукав јазикот, се излигавивме од страст, а се повеќе и повеќе чувствував како се влажнам. Ми шепна:

- Ајде бе да одиме!

- Не, седи сега тука! – му вратив.

Се покајав милион пати што непромислено изреагирав, во моментот не можев да си простам. Тој момент го чекав и не знам зошто му реков така. Почекав некоја минутка, му се доближив и му реков:

- Ајде да одиме!