Во сонот ти го чувствувам јазикот долж мојот грб. Полека се симнува се подолу, се до крајот на рбетот, онаму каде безбројните нервни завршетоци безмилосно бурно реагираат на твојот врел влажен јазичен отпечаток . Станувам свесна дека тоа не е сон, тоа е твојот начин на почеток на саботното утро.Сакам да негодувам и да ти кажам немој , ми се спие, ама некако слабо ми оди.Неприлично грубо ти ја тргам раката која си го наоѓа патот на осознавањето на свиленкастата површина на мојата кожа насекаде.Повторно ја враќаш назад.Продолжуваш. Веќе налутено со доза на грубост го повторувам своето одбивање.Но, тоа уште повеќе ти ја засилува намерата. Знам, ти се допаѓа таа наша мала игра. Посветено си ја играм својата улога. И сега ти си на ред.
Доаѓаш врз мене, ме опчекоруваш притискајќи ме со својата тежина. Негодувам кревајќи ги рацете, за во знак на протест да те тргнам од себе. Ти си побрз. Моите зглобови цврсто ги држиш, притиснати на креветот. Не можам да мрднам. Со поглед ти го искажувам гневот произлезен од мојата немоќ. Премногу си силен , но сепак го помрднувам торзото, безуспешно трудејќи се да те тргнам од себе.. Со наговестено сигурна насмевка ме гледаш како беспомошно се противам.Тоа уште повеќе ти ја зголемува истрајноста . Сега со едната твоја рака ги држиш моите зглобови, а другата веќе опитно истражува меѓу моите нозе. Демек негодувам. Се противам. Бесно те гледам, а всушност уживам во играта. Брзо се преместуваш и веќе си меѓу моите присилно отворени бутини. Се трудиш да ме ослободиш од веќе непотребните парчиња облека кои ти го попречуваат патот. Тешко ти оди. Силно потегнуваш, некорисното парче памучна ткаенина паѓа уморно на подот. Патот ти е слободен. Влегуваш брзо, возбудувачки грубо, ненадејно но, очекувано. Сеуште се противам. Твоите усни немилосрдно ги отвараат моите. Јазикот си го наоѓа својот пат. Те гризнувам , доволно за да те заболи, доволно за да ми возвратиш нималку нежно гризејќи ме на вратот.Повторно се враќаш на моите усни. Сега немо се покорувам. Уживаш во твојата надмоќност. Притисокот на моите раце слабее, ми ги пушташ , а тие ослободени остануваат уморно да лежат на креветот. Не се борам повеќе. Почнувам да ги следам твоите движења на колковите, пратејќи те. Го приближуваш увото до моите усни, сакаш да го слушнеш моето гласовно реагирање на твоето непрекинато влегување внатре во мене, на искуствените допири на твоите раце, на пожелните искри во црнилото на твоите зеници.
Ти го прошепотувам името, со зарипнато нежен глас. Сакам да ти кажам колку предадено уживам во овие наши игри, колку нетрпеливо ги очекувам овие единствени моменти, колку си ти посебен.Ти покажувам, ми покажуваш а, всушност и си знаеме.