„Не“, едвај успевам да изустам додека нејзините вешти прсти ја раскопчуваат мојата кошула. Знам дека ова е погрешно, дури целиот Тиквеш не може толку да ми ја замати главата за да не можам да разликувам правилно од погрешно... Или може? Нејзините врели усни пополека се лизгаат надолу од мојот врат па се до набрекнатите гради. „Не“, велам уште еднаш, но моето тело го кажува спротивното. Се грчам под налетот на нејзините допири, нејзините усни успеваат да ја запалат секоја точка од моето тело и моето „Не“ пополека се губи. Се топам. Се препуштам до крај. Како низ сон приметувам дека и фармерките веќе не се на мене. Ја чувствувам нејзината рака во моите гаќички. Не можам повеќе, ќе експлодирам во секој миг.

Како да ми ги чита мислите. Станува и оти до масата. Си тура вино во чашата и го пие во една голтка. Потоа се враќа. Ме турка на креветот, легнува врз мене и почнува со јазикот да го истражува моето тело,постепено спуштајќи се. Најпрвин усните, па вратот, градите, стомакот, препоните,нозете, се до стапалата, а потоа пак полека нагоре... Го сеќавам нејзиниот јазик во најврелата точка на моето тело. Првин полека, а потоа се побрзо и побрзо нејзиниот јазик влегува и излегува од мене. Срцето ми чука се посилно, едвај дишам, а рацете толку силно ги стискам во перницата што почнувам да јачам од болка. Тоа изгледа уште повеќе ја возбудува, па почнува уште појако да се припива до мене... И одеднаш буууум. Експлозија. Срцето за миг ми застанува, целото тело почнува да ми трепери и сеќава, нешто жешко и влажно таму долу.... Тоа ќе да е тоа. Големото О. Досега само сум слушала за него, а никогаш не сум го доживеала. Значи не било мит. Одеднаш се чувствувам толку исцрпена, уморна, среќна...или е само до виното?

***

Пробивниот звук на мојот будилник ме враќа во реалноста. 6:30-време е за на работа. Главата ми тежи еден тон. Го исклучувам будилникот. Се обидувам да се присетам на минатата ноќ. Ми се враќаат сликите,толку реално, како повторно да го проживувам сето тоа. Со самата помисла се навлажнувам. Но чекај, каде е таа, каде се шишињата вино од масата, каде исчезна се? Зар е можно се да беше само сон? Не ми се верува, каков сон? Си се смеам самата себеси. Погледнувам во часовникот - 6:45, крајно време да станам. Мрзливо се тегнам, се влечкам до плакарот и го земам првото парче облека кое ми доаѓа при рака. И за малку ќе добиев инфаркт кога ја видов трагата од кармин на мојата кошула.