Нашата прва караница, годините се навистина страшна работа, јас сеуште летам со младешкиот памет а тој веќе размислува за пензија, од почеток знаевме дека нема да функционира така едноставно. Се налутив, со право, ќе речам јас, а тој само Сфати ме душо, не сум во можност. И заминав сама, сосем сама на одмор во едно мало хотелче во едно од познатите летувалишта на нашиот јужен сосед, ми требаше малку да си го избистрам умот. Додека сама седев на клунот на бродот на еден пријател на мојата покојна баба си размислував дали постапив правилно, дали можеби малку избрзав, дали можеби требаше да го сфатам. Подадената чинија со салата и чашата бело вино немо ги одбив, и продолжив да гледам во хоризонтот, кон еден недостижен брег. Сакав да го побарам, да му кажам дека ми е жал, но насред море тоа секако не можев да го направам, подобро да почекам додека се вратам на брегот, секако пријателот веќе ме извести дека наскоро ќе пристигнеме.
Само што се приближив до брегот го свртев неговиот телефонски број, ноо беше недостапен. Почнав да размислувам дека можеби е редно време да размислам за крај на оваа прекрасна приказна, но она што го здогледав на брегот никако не се согласуваше си моите песимистички размислувања. На зајдисонце изгледаше боженствено, со рацете раширени да ме примат во својата прегратка. За миг помислив о боже, колку бев неправедна, не му дозволив да објасни. Истрчав кон таа прегратка која толку ми недостигаше, Душо... Прстот на моите усни и уште една прегратка. Јас сум прегладнет а твојот капетан по телефон ми кажа дека и ти не си јадела ништо денеска, ми рече додека сеуште прегрнати одевме по пристаништето.
Се срамам, му реков, не ти дозволив да објасниш, само ја треснав вратата и излегов, како вистинско детиште, со сеуште спуштен поглед му се извинував, прости ми, бев навистина лоша. Убавице, ја подигна мојата глава, во ред е, се случува, не рековме дека нема никогаш да се скараме, дека нема никогаш да ја треснеме вратата, погледни сега сум тука. Уште неколку прегратки додека да стигнеме до ресторанот на истиот пријател со бродот, кој веќе беше пристигнал и не чекаше да се сместиме на терасата, ни кажа дека е навистина среќен што не гледа смирени, со оглед на тоа што бил навистина тажен кога ме видел сама утрото кога пристигнав. Наздравивме со малку вино и како ништо да не било повторно се држевме за раце, нашите очи светкаа, убавата локална музика ни ги разгалуваше сетилата.
Среќни и исполнети со задоволство се упативме кон хотелот, на паркингот стоеше неговиот автомобил во кој сеуште стоеше неговиот куфер, па се упативме кон мојата соба, нашата соба, бидејќи кога го планиравме одморот планиравме тоа да биде вистински апартман за заљубени, не сакав ништо да се промени од тоа, можеби потајно чувствував дека сепак ќе дојде на крај. Малечка, немој повторно да заминеш без мене, ова срце на возрасен човек не сака многу да пати, имај ги во предвид моите златни години, се пошегува на своја сметка. Прости ми душо моја, не те оставив да објасниш, мислев дека и одморот ќе биде како и многуте откажани концерти, вечери и прошетки, едноставно се однесував како размазено девојче, не сум јас таква, уште еднаш се извинив. Ти си моето размазено девојче, секако дека си, ми рече и ме крена во раце, ајде да заборавиме на овие два дена во кои бевме разделени, знам одличен начин да ти надоместам, рече и извади од својата ташна црна кутија со голема сребрена машна и шише шампањ. Ама јас навистина не сум разгалено девојче, ти си тој што ме разгалува, ти имам речено дека не сакам да ми купуваш подароци, се засрамив од моментот.
Отвори го, ми рече и додека го отварав се спремаше за објаснување, не можам овој подарок да ти го дадам поинаку освен вака, ова не е прстен со кој ќе те запросам, не можам да ти го направам тоа, не можам да ти дозволам да останеш до крајот на животот со старец, но можам да ти го подарам без никакви обврски, а секојпат кога ќе го погледнам на твојата рака ќе знам дека ти си моето девојче. Душо моја, ова е прекрасен подарок, знаеш дека не сакам да размислувам на до крајот на животот, но сакам да размислувам на тоа дека сега сум тука и со тебе, а ако така биде и во наредните 20 години нема да ми биде воопшто криво или пак нема да се чувствувам како да го поминувам животот со старец, затоа што ти си тоа што сакам, со или без овој прстен, со или без до крајот на животот, по ѓаволите ова звучеше како во холивудски филм, но јас ова навистина го мислам.Ти си мојата паметна девојка, те сакам, знаеш, ми рече и започна страсно да ме бакнува. Знам љубов моја, знам, и јас тебе многу те сакам, без оглед на се, тоа беше се што си кажавме таа вечер, без воопшто разговори водевме љубов до раните утрински часови.
Додека тој нежно си поигруваше со мојата кожа јас воздивнував како да чувствував најсилен оргазам, и одново и одново, ме галеше, ме бакнуваше на сите места за кои знаеше. Започна и вистинскиот и жежок секс за кој знаев само откако го запознав него, јас бев преморена од сета таа предигра а тој како да имаше енергија за неколку часа енергичен секс. Возбудата беше толку голема што заборавив и на својот умор, не можев да се препознаам во потезите со кои играв во неговите прегратки, беше волшебно. Одеднаш како да се роди нова јас, како до предмалку да не знаев за оваа девојка која тукушто имаше неверојатен секс исполнет со многу возбуди. Свершував неколку пати по ред, а тој постојано добиваше нова сила со секое мое воздивнување. Не знам колку часа имаа поминато, но знам дека јас бев целата мокра и секоја пора на мојата кожа зрачеше од задоволство. Ме спушти на креветот и се навали над мене, за неколку минути и тој лежеше задоволно до мене.
Се сеќавам дека заспав во неговата прегратка, всушност така и се разбудив, сосема гола, покриена со тенок чаршав. Добро утро малечка, ми рече кога ги отворив очите. Ти си веќе буден, зошто не спиеш, што правеше цело време, го прашував додека неговиот задоволен лик постојано се смешкаше. Те гледав тебе убавице моја, изгледаш навистина слатко наутро, знаеш мислам дека многу малку утра поминуваме заедно, ми рече и ме повлече поблиску кон себе за да ми шепне, треба почесто да заспиваме вака убавице моја. И јас мислам исто љубов моја, вети ми дека одсега па натаму ќе поминуваш барем една ноќ неделно со мене, го прегрнав задоволна. Јас имам сосема поинаков план, мислам дека залудно поминува времето во кое сме одвоени, сакам да живееш со мене, ми рече додека се облекуваше, онака како да кажал нешто сосем нормално.
Што? Ти ова озбилно? Ааааааа, душо моја, ти ова озбилно мене ми го кажуваш, и тоа вака како да зборуваме за нешто најнормално, возбудено скокав на креветот потполно гола. Зарем не рече синоќа дека го сакаш овој средовечен човек, со проседа коса, болки во колениците, ми рече додека се обидуваше да ме смири во скокањето по креветот, не скокај, смири се. Да сакам да живееме заедно, и така поминувам премногу време на работа па кога ќе се вратам дома немам повеќе сили да излезам повторно, понекогаш едвај се присилувам да се довезам до твојот стан, само да не те разочарам. На мојата радост и немаше крај дефинитивно, бев пресреќна, се однесував како мало дете кое добило некоја навистина голема играчка. Сеуште гола скокав по креветот, се радував на она што туку што ми го предложи тој. Зарем не мислиш дека заслужувам мала награда под туш пред да се симнеме на појадок, ми рече и како што му бев обесена на грб само се упати кон бањата. Тој секс, навистина беше заслужен, се потсетив на синоќешните маестрални потези и додека ме држеше во вис на своите колкови го доведував до вистинско лудило, свршуваше додека водата се прелеваше по нашите тела, не ми беше баш битно дали и јас ќе свршам, само сакав да биде пресреќен, и беше, со мене, својата малечка девојка која го сакаше бескрајно.